Нема криза за Лил: За помалку од една година повторно продаваат играч за 85 милиони евра

Лил во минатиот летен преоден рок го продаде Николас Пепе на Арсенал за 80 милиони евра, а за помалку од една година Данските доги повторно се наоѓаат пред огромна заработка. Офанзивецот кој пристигна токму како замена за Пепе, Виктор Осимен, имаше брилијантна сезона и сега се наоѓа пред трансфер на кариерата.

Француските медиуми тврдат дека до таборот на Лил пристигна понуда за Осимен висока 85 милиони евра, од засега неименуван клуб. Репрезентативецот на Нигерија очигледно ги освои симпатиите на неколку гиганти кои се во потрага по голгетер, а со 18 погодоци и шест асистенции тој го потврдува квалитетот, иако има само 21 година.

Данските доги воедно ќе остварат голем профит ако се земе во предвид дека за Осимен платија само 10 милиони евра откупувајќи му го договорот од Шарлерој.

 

- Оглас -

Најнови вести