Нема летен бокс спектакл, Фјури „закачи“ корона-вирус

Популарниот Крал на циганите, Тајсон Фјури е позитивен на корона-вирус и нема да боксува против Дионте Валјдер во Лас Вегас на 24 јули.

Боксерскиот спектакл што долго се подготвуваше и се очекуваше нема да се случи летово, па најран термин сега е октомври. Фјури, кој се подготвуваше во Лас Вегас, немаше среќа со ковид 19, па ќе мора да почека за трет меч против Вајлдер.

Боксерскиот спектакл најавуван како меч на деценијата тежи над 100 милиони евра. Американските медиуми објавија дека најмалку 10 лица од таборот на Фјури се заразени со корона-вирус, па сега се очекуваат нови преговори за нов термин.

Во декември 2018 година Фјури и Вајлдер боксуваа нерешено, а потоа во февруари лани Тајсон го нокаутира Дионте. За тој меч двајцата боксери потпишаа договор со клаузула дека поразениот има право на реванш и на трет меѓусебен дуел, а заработката би била 60/40 за победникот од вториот меч, односно за Фјури.

- Оглас -

Најнови вести