Нема Македонци во најскапиот тим на групата Ц на Еуро 2020

Македонската репрезентација е убедливо најефтина во групата Ц на Европско првенство, според проценетата вредност на фудбалерите на Трансфермаркт. Нашиот национален тим во моментов вреди вкупно 61,8 милиони евра.

За споредба, Украина е проценета на 216,6 милиони, Австрија на 320,6, додека Холандија е убедливо најскап тим со проценета вредност од 637,1 милиони евра, што е над десет пати повеќе од Македонија.

Според податоците на Трансфермаркт, најскап македонски фудбалер е Елиф Елмас кој вреди 17 милиони евра, но и за него нема место во идеалниот најскап тим составен само од играчи од четирите селекции кои ќе играат во групата Ц на ЕП. Во тој најскап тим има шестмина Холанѓани (Депај, Вегхорст, Де Јонг, Вајналдум, Де Лихт и Де Врај), тројца Украинци (Зинченко, Циганков и голманот Трубин) и двајца Австријци (Алаба и Забицер).

Како што може да се види, Френки Де Јонг сам е поскап од цел македонски тим, истото важи и за Матајс Де Лихт, а во идеалниот тим го нема и најскапиот украински фудбалер, Руслан Малиновски од Аталанта, кој вреди 30 милиони.

- Оглас -

Најнови вести