Немирни се Лавовите од Лисабон – Спортинг победува, навивачите пак напаѓаат

Спортинг го победи Портимоненсе со 2:1 во меч од 20-тото коло и ја прескокна Брага на третото место, но навивачите сепак не се задоволни и протестираа против претседателот на клубот.

Околу 3 илјади симпатизери на популарните Лавови од Лисабон бараа оставка од Федерико Варандас, па се чини сè уште не се залечени раните од инцидентот што се случи во мај 2018 година.

Надвор од стадионот вчеравечер, според информацијата што ја објави „А Бола“, биле нападнати потпретседателот Мигел Афонсо и неговата 16-годишна ќерка, што е нов голем инцидент што му се случува на португалскиот гигант.

Пред две години во мај група од околу 50-тина хулигани влегоа насилно во тренинг-центарот Алкочете и ги нападнаа фубалерите на Спортинг. Во групата нападнати тогаш беше и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, но, за среќа, мина без посериозни последици.

Вчера имаше нов напад, овојпат врз еден од челниците на клубот, а армија од околу 3 илјади навивачи на Спортинг бараа оставка од првиот човек Варандас.

 

- Оглас -

Најнови вести