Нема надеж: Трагањето по Сала е прекинато

Емилијано Сала пред неколку дена го реализираше трансферот на кариерата. Стана најскап играч во историјата на Кардиф и требаше да го покаже својот квалитет во Премиер лигата. Сепак, судбината била поинаква.

Авионот со кој Сала патуваше од Нант кон Кардиф исчезна додека летал над Англискиот канал (Ла Манш). Од тој момент во понеделникот вечерта сè досега нема траги ниту од авионот ниту од Сала и пилотот. Четири дена траеше трагањето, а денеска полицијата објави дека потрагата е прекината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести