Нема непоразени на ракометниот турнир, падна и светскиот шампион Данска

Репрезентацијата на Шведска извојува голема победа над соседот и ривал Данска во меч од последното коло на групната фаза на ракометниот олимписки турнир за мажи. Швеѓаните победија со 33-30, а тие патот до триумфот си го отворија во првото полувреме кое го добија со 17-13.

Во групата Б, Данска, Шведска и Египет завршија по четири победи и еден пораз.

Четвртфиналните двојки во машка конкуренција се: Франција – Бахреин, Германија – Египет, Шведска – Шпанија, и Данска – Норвешка. Овие четири меча ќе се играат задутре, на 3 август.

- Оглас -

Најнови вести