Нема никакви пречки – Левандовски е уредно регистриран, утре на маки ќе биде Столе Димитриевски

Барселона објави дека утре Роберт Левандовски сигурно ќе игра на премиерата во новата сезона во Ла Лига и тоа против Рајо Валјекано, клуб за кој брани Столе Димитриевски.

Нема никакви пречки и веќе и Ла Лига објави дека Левандовски е уредно регистриран во Барселона, иако се шпекулираше дека Каталонците поради финансиски проблеми ќе го надминат предвидениот фер-плеј законик на ФИФА и УЕФА и нема да можат да ги регистрираат новите играчи.

Популарниот Лева пристигна ова лето во Барса од Баерн Минхен за сума од 45 милиони евра плус уште пет милиони евра во бонуси.

Играше за Каталонците во подготвителниот период и тоа одлично и утре од 21 часот на маки ќе биде Димитриевски на голот на Рајо Валјекано на „Камп Ноу“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести