Нема ништо од историските четири титули сезонава за Манчестер сити (Видео)

Челзи го победи Манчестер сити со 1-0 во првото полуфинале на англискиот ФА куп. Голот за Сините на празниот „Вембли“ го постигна Хаким Зијеш кој ја реализираше контрата на асистентот Тимо Вернер. Некоја минута претходно, Сити остана бе Кевин Де Бројне кој го напушти теренот поради повреда. Во финалето, Челзи ќе се сретне со Лестер или Саутхемптон, кои утре го играат своето полуфинале.

За Томас Тухел, ова е прва победа во тренерската кариера против Пеп Гвардиола, а ова им беше шести дуел, откако претходно имаа пет кога работеа во клубови во Германија. Челзи и Граѓаните можеби ќе се сретнат и во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, па ова е убава увертира за Челзи пред евентуалното англиско финале во ЛШ.

На голот на Сити беше Зек Стефен, и ова му е прв пораз на 11 настапи. Челзи ќе игра четврто финале на ФА купот во последните пет години.

https://twitter.com/i/status/1383478285259087875

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести