Нема подoбар лек за раните на Вардар од сензација против Шкендија

Вардар е во деликатна ситуација со многу проблеми пред се финансиски, а вистински лек за маките би била сензација денеска во Скопје против лидерот и најсилната екипа во Македонија, составот на Шкендија.

Ова ќе биде 63. пресметка на два тима со исти симболи, „црвено-црната“ боја, а според сите параметри Шкендија е многу поблиску до победа.

Вардар е со подмладен тим и во исчекување на конечна разврска на финансиските проблеми, но „децата“ на најтрофејниот клуб потпомогнати од неколку искусни играчи нема да се предадат.

Дербито на 24. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра од 15 часот, заедно со уште четири дуели кои почнуваат во истиот термин.

Двојки, сабота 15. часот: Вардар – Шкендија, Силекс – Шкупи, Ренова – Македонија Ѓ.П., Академија Пандев – Струга Трим Лум, Беласица – Работнички.

Недела, 15 часот: Борец – Пелистер

 

Табела: Шкендија 50, Шкупи 43, Македонија Ѓ.П. 38, Струга Трим Лум 34, Работнички и Борец по 32, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс 26, Академија Пандев 25, Ренова 24, Беласица 13.

 

- Оглас -

Најнови вести