Нема поголем малер од Леклер, казнет е со 10 позиции за главната трка на Гран-при Канада

Шарл Леклер е казнет со 10 места назадување за главната трка за Големата награда на Канада во формула 1.

Пилотот на Ферари по третпат ја користеше контролната електроника што автоматски повлекува казна во Ф1 циркусот.

Леклер имаше многу малери сезонава и на неколку трки пропушти и победи поради дефект на машината на болидот на Ферари.

По првите три трки сезонава имаше дури 46 бода предност пред актуелниот првак Макс Ферстапен, а сега по 8 трки и пред деветтата викендов во Канада има минус од 34 бода зад Холанѓанецот.

Квалификациите се вечерва од 23 часот, а главната трка е утре со почеток во истиот термин.

 

- Оглас -

Најнови вести