Нема поголем предизвик на Спортска прогноза – Се игра Ел Класико, погодете го исходот во трката за „ајфон 11“

Пред учесниците на Спортска прогноза е најголемиот можен предизвик во европскиот фудбал, а седмото коло и официјално ќе почне со шпанското Ел Класико, во сабота од 16 часот.

Дуелите на Барселона и Реал Мадрид се врв во европскиот клупски фудбал и поголемо дерби од шпанското нема на Стариот Континент.

Тоа е и предизвик за сите што учествуваат во третата сезона од нашата бесплатна игра да го прогнозираат исходот на мечот што ќе се игра на „Камп ноу“ и на уште 12 дуели што ви ги нудиме на популарната „тринаесетка“.

Има уште неколку маркантни дерби-натпревари, како пресметката за Рур меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04, потоа и дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Челзи, Милан и Рома….

Веќе знаете дека максимален број на погодени натпревари се наградува со прекрасниот мобилен телефон „ајфон 11“, а има и ваучери од 1.000, односно 500 денари за сите прогнозери што ќе погодат 12, односно 11 двојки.

Стандардно и во седмото коло ќе треба да се внимава и на резервните двојки, кои носат поени за Генерален пласман. Шампионот на крајот од сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има за најдобрата петорка и во третата сезона од бесплатната игра во организација на Спорт Манија и Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести