Нема понесреќен голман од овој: Одбрани пенал, но… (Видео)

Во фудбалот сме се изнагледале на најразлични ситуации и чудни голови, а тоа што се случи на еден меч во уругвајското првенство вреди да се погледне. На дуелот Рентистас – Плаза Колонија беше досуден пенал за домаќините во последната минута од првото полувреме.

Диего Вега беше изведувачот на пеналот, а голманот Картес имаше задача да брани. Чуварот на мрежата успеа да го одбрани пеналот, но топката доби неочекувано вртење и на крајот самата се врати во голот. Голманот беше немоќен да реагира и само гледаше како топката заврши зад гол-линијата.

Со тој погодок домаќините кои беа големи фаворити за победа, стигнаа до предност од 1:0, а на крај и до триумф од 2:1.

https://twitter.com/i/status/1302282140277760004

 

- Оглас -

Најнови вести