Нема посигурен тип: Време е Денвер пак да губи со 3:1

Мајами хит поведе со 3:1 против Бостон во финалето на Источната конференција и е на чекор од влез во големото финале. Вечерва се игра четвртиот меч во финалето на Западната конференција, а и тука многумина очекуваат дека ќе има резултат 3:1, и тоа во полза на Лос Анџелес лејкерс против Денвер нагетс.

Лејкерс ја има фаворитската улога, но Денвер е тим кој никогаш не се предава. Ако тимот од ЛА во првиот меч победи лесно, втората победа за Лејкерси беше многу среќна. Дејвис даде тројка со звукот на сирената и радост на тимот од ЛА. Дека Денвер нема да се предаде и покрај несреќно загубениот втор дуел, се покажа во третиот натпревар.

Предводен од Никола Јокиќ и Џемал Мареј, Денвер одигра одлично второ полувреме и без поголеми проблеми стигна до победа, намалувајќи на 1:2 во победи. Денвер сезонава веќе испиша историја, откако на двапати губеше со 1:3 во сериите, а на крајот ги елиминираше Јута џез и Лос Анџелес клиперс.

Ако се гледа по таа традиција, вечерва е ред Лејкерс да поведе со 3:1 во победи, па потоа Денвер да се обиде да прави ново чудо, невидено во НБА досега. Дури и пред да започне финалната серија, тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун, изјави дека можеби е најдобро веднаш да биде 3:1 во победи за Лејкерс. 

Вечерва ќе видиме дали ќе се оствари таа прогноза за 3:1 или Денвер ќе има сили да стигне до 2:2.

 

 

- Оглас -

Најнови вести