Карлсон Пикет е фудбалерка која настапува во тимот на Орландо прајд, која е родена без дел од левата рака. Во Орландо живее и семејството Тид, кои го имаат синчето Џозеф. Малиот Џозеф го има истиот недостаток како Карлсон.
Семејството Тид неодамна беше на меч на Орландо прајд, а кога Карлсон го забележа малиот Тид, беше направена една од најмоќните фотографии. Фудбалерката веднаш дојде да го поздрави Џозеф, со кого се познаваа од пред неколку месеци.
„Фудбалот е мојот живот, а тој ми овозможи да доживеам вакви моменти кои се поважни од самиот фудбал. Џозеф, ти си мојот јунак. Нов, но… за цел живот“, напиша Карсон, која е 25-годишна девојка и пример за тоа како треба да се бори секој кој има некаков физички недостаток.