Нема поубаво – Момчето што му помогна на Ливерпул да ја елиминира Барса денеска си го оствари сонот (Видео)

Оукли Каноние беше еден од хероите на Ливерпул во епскиот меч на англискиот клуб против Барселона, кога Црвените на „Енфилд роуд“ со фантастичен настап победија со 4:0 во полуфиналето на Лигата на шампионите и ја анулираа негативата од 0:3, а потоа и ја освоија европската круна.

Каноние тогаш како 15-годишно момче задолжено да ги враќа топките реагираше молскавично и експресно му ја даде топката на Трент Александер-Арнолд за да изведе корнер, по кој Дивок Ориги го постигна толку посакуваниот гол за 4:0 и елиминација на Барселона.

Потоа во финалето на ЛШ, Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0 на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид и ја освои шестата европска круна.

Денеска 17-годишниот Каноние потпиша прв професионален договор со својот омилен клуб Ливерпул, а навивачите и играчите на Црвените вечно ќе ја паметат брзата реакција на тогашното момче задолжено за враќање на топките, од денеска веќе и професионален фудбалер на клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести