Нема простор за расизам: Челзи доживотно казни навивач

Челзи доживотно му забрани пристап на стадионот на еден навивач, додека уште петмина навивачи се соочуваат со суспензија од 12 до 24 месеци поради расистичките навреди упатени кон Рахим Стерлинг. Инцидентот се случи за време на првенствениот натпревар меѓу Сините и Манчестер сити кој се одигра во декемри минатата година.

За случајот истрага водеше и полицијата, но таа беше прекината поради недоволно докази, по што клубот одлучи да ја преземе работата во свои раце.

„Поради навреди врз расна основа, заканувачко и агресивно однесување, на едно лице доживотно му е забранет влез на ’Стемфорд бриџ’, додека пет лица се соочуваат со суспенција од 12 до 24 месеци. Тие едноставно ја преминаа границата, за нас такво однесување е неприфатливо и е над нашето ниво на толеранција“, стои во дел од соопштението од таборот на Челзи.

Од лондонскиот клуб потврдија дека ги презедоа сите мерки во текот на истрагата, што подразбира разговори и со осомничените и сведоци, прегледување видеоснимки, дури и ангажирале специјалисти за читање од усни.

- Оглас -

Најнови вести