Нема публика, па провокациите јасно се слушаат, но Роналдо не потпадна (видео)

Провокациите меѓу фудбалерите за време на натпревари се честа појава, меѓутоа во нормални услови со навивачи на трибините, ретко се забележуваат. Но, сега кога трибините се празни, микрофоните кои стојат околу теренот без проблем ги снимаат разговорите меѓу играчите.

Таква ситуација имаше во победата на Јувентус од 3-1 против Џенова од изминатиов викенд, во која Кристијано Роналдо постигна два погодоци од белата точка.

При изведување на вториот пенал, Перин, голманот на Џенова, кој инаку беше во редовите на Старата дама и знае како Кристијано изведува пенали, се обиде да го испровоцира Португалецот, меѓутоа овој ладнокрвно му ја затресе мрежата.

„Повторно по средина?“, праша Перин каде ќе оди шутот на Роналдо, а откако овој погоди, му довикна „Каде одиш Перин“?

Ronaldo vs Perin: Empty stadiums gift us with cocky dialogues between players (video via CHJ) from Juve

- Оглас -

Најнови вести