Нема спас за Еибар од Бензема (Видео)

Карим Бензема ја продолжи серијата голови против Еибар, ги има пет на последните три меѓусебни дуели, а и вечерва беше стрелец во победата на Реал Мадрид од 3:1 на „Ипуруа“.

Најдобриот стрелец на Кралскиот клуб погоди во шестата минута и најави сигурен триумф на гостите, кои имаат серија од четири победи во Ла Лига и се на делба на првото место со Атлетико Мадрид со по 29 бода.

По него гол постигна и Лука Модриќ, па по 13 минути игра, Реал имаше предност од 2:0. Еибар успеа да дојде до почесен погодок, и тоа најубавиот на мечот што го постигна Кике во првото полувреме.

Во финишот на мечот, Бензема беше во улога на асистент, а погодок за конечни 3:1 постигна Лукас Васкес.

- Оглас -

Најнови вести