Нема ВАР, дали голот на Романците беше од офсајд?

Романија со голот на Флорин Танасе, води со 1-0 против Македонија, а можеби и немањето на ВАР технологија на квалификациските мечеви за СП ги спаси домашните од можно поништување на погодокот.

Танасе во моментот кога тргна да го прифати додавањето, можеби со левата рака беше во офсајд позиција. За жал, Егзон Бејтулаи извиси и Танасе се најде очи во очи во Димитриевски, и не му беше тешко да даде гол.

Проценете дали имаше офсајд позиција или голот беше регуларен?

- Оглас -

Најнови вести