Нема веќе евтино на фудбалскиот пазар, Рома бара 65 милиони евра за Заниоло, Жезус ќе чини 50

Цените на летниот фудбалски трансфер-пазар ќе бидат високи и сумите вртоглаво растат од година во година, па и суми од 50-на милиони евра веќе изгледаат како нормална работа.

Токму толку, односно 50 милиони евра ќе бара Манчестер сити за Габриел Жесус, откако му дозволи на бразилскиот напаѓач да си замине од клубот.

За Жесус заинтересиран е актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид, но останува да се види дали отштетата што Сити ја одреди за напаѓачот е прифатлива за Кралскиот клуб.

Уште повисока цена одреди Рома за Николо Заниоло и од таборот на Волчицата велат дека не доаѓа предвид тој да си замине без уплата на 60-65 милиони евра од клубот што ќе сака да го ангажира 22-годишниот офанзивен играч за врска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести