Нема застанување за Саудијците: Нов мегатрансфер на новиот клуб на Бензема!

Н’голо Канте ќе биде соиграч на Карим Бензема во тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Според деталите, 32-годишниот играч за врска на Челзи веќе ги договорил деталите за преселба во новиот клуб.

Искусниот Канте веќе ги поминал и лекарските прегледи и сега се чека само промоција во новиот клуб. Договорот ќе биде потпишан на две години, со опција за продолжување на уште една сезона.

Канте во Ал-Итихад ќе биде соиграч со Карим Бензема, кој вчера беше и официјално промовиран во саудискиот тим. За разлика од Бензема, кој ќе добива 200 милиони евра по сезона, Канте ќе мора да се задоволи со по 100 милиони евра на сезона.

Во кариерата Канте играше за Суреснес, Булоњ, Каен, а потоа блесна во дресот на Лестер, со кого ја освои и титулата во Премиер лигата во 2016 година. Потоа направи трансфер во Челзи, но сезонава која измина одигра само девет меча за лондонскиот тим и на теренот помина само 685 минути.

Канте, кој има и 53 настапи за репрезентацијата на Франција, сега првпат ќе игра во клуб кој е надвор од Европа.

- Оглас -

Најнови вести