Нема зима за Норвежаните – Имаат нов Халанд кој тргна по истиот пат

Нема зима за Норвежаните, кои имаат нов фудбалски бисер, кој е во роднинска врска со Ерлинг Халанд. Алберт Бро Тјаланд има само 16 години и ќе тргне по истиот пат на почетокот на кариерата што го изоде големата сензација Халанд. Ќе игра за Молде на истата возраст на која во 2017 година во редовите на актуелниот норвешки шампион стигна сегашниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Единствена разлика е што Халанд, кој сега има 19 години,  професионалната кариера ја почна во Брине, пред да се пресели во Молде, а неговиот братучед Тјаланд моментно е член на Викинг.

„Го одбрав Молде бидејќи е еден од најдобрите клубови во Норвешка. Одлично ме прифатија и ми презентираа план што ми оди во прилог. Се надевам дека ќе чекорам по стапките на Халанд, изјави Тјаланд.

Двајцата се во роднинска врска од мајчина страна, а Норвежаните велат дека и Тјаланд е голем талент и очекуваат од него многу во иднина.

 

- Оглас -

Најнови вести