Немаa милост – Англичаните исклучија клуб со тривековна традиција

Еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, Маклсфилд таун е исфрлен од Националната лига само на четири дена до стартот на натпреварувањето, а причината е долг од 500 илјади фунти.

Маклсфилд е формиран во 1874 година и има неверојатна традиција на настапи во три века, но во последно време му се заканува и згаснување.

Ланската сезона го запали алармот за Маклсфилд, но беспарицата си го стори своето и клубот беше казнет дури четирипати со одземање бодови, и тоа акумулирано со минус од вкупно 19 бода, што му донесе испаѓање од Лига 2 во понизок ранг на натпревари, или директно во Националната лига.

Финансиските проблеми им се зголемуваат, а лани во ноември имаше и штрајк на фудбалерите на Маклсфилд, поради неисплатени плати за подолг период.

На 1. септември и Врховниот суд одлучи дека во рок од две седмици долгот од 500 илјади фунти мора да биде платен, но Маклсфилд не успеа да ги подмири обрвските и следуваше исфлрање и од Националната лига во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести