Немаат примено гол 11 години, нема да се случи ни денеска

1630 Витесе – Утрехт (Ередивизија, 18.45 часот)

Утрехт игра исклучително ефикасно во последно време и на пет меча што ги одигра беа постигнати вкупно 24 гола, или во просек малку помалку од пет по меч.

Витесе е меѓу шесте најефикасни екипи во популарната Ередивизија со 26 гола, што е добра најава од двете екипи за ефикасен меч.

Домаќините се фаворити, одиграа одлични 15 кола во новата сезона и со 32 бода се четврти само со три минус во однос на лидерот Ајакс.

Утрехт е во средината на табелата со 18 бода, нема што да калкулира, па како и Витесе, ќе оди на победа што ветува меч со многу голови.

Предлог тип: 4+ (2.60)

 

1369 Гранада – Осасуна (Ла Лига, 19 часот)

Осасуна е во многу лош ритам со долга серија од 11 натпревари во Ла Лига без победа. Последен пат се радуваа на три бода во октомври лани, кога го победија Атлетик Билбао.

Искра надеж на гостите им дава мини-серијата од четири ремија по ред и особено нерешениот исход во последното коло против Реал Мадрид.

Гранада има девет бода повеќе од денешниот ривал, но и тие се во контраритам со три порази на последните четири меча.

Тимот игра на три фронта откако успеа да ја мине фазата по групи во Лигата на Европа и да продолжи во Копа дел Реј, што си зеде данок бидејќи нема голем фонд на квалитетни играчи, иако има солидна прва постава.

Бодовите се многу важни и за двете екипи, на последните 13 меѓусебни дуели само еднаш одиграле 3+, па ќе типуваме дека на „Лос Карменес“ вечерва нема да има повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.55)

 

3051 Милан – Торино (Италијански куп, 20.45 часот)

Вторпат по ред за три дена Милан и Торино ќе играат меѓу себе, откако Росонерите во саботата ги победија Биковите со 2:0 во меч од Серија А.

Сега ќе играат меѓу себе во осминафиналето на Италијанскиот куп и повторно на некој начин ќе има римеч. Лани во четвртфиналната рунда на Копа Италија во возбудлив дуел Милан се спаси од елиминација со гол во 90-тата минута, а потоа во продолженија и победи со 4:2.

И денеска ќе се игра нокаут-меч, па победник мора да има. Милан е фаворит, но мора да мисли повеќе на најважниот фронт сезонава, на дуелите во Серија А, каде што е лидер и има шанса да го освои Скудетото по пауза од 10 години.

Можно е и двајцата тренери да им дадат повеќе шанса на резервните играчи, а ние ќе типуваме дека како лани ќе има најмалку два гола на полувреме и четири на крај.

Предлог тип: 2+I&4+ (3.75)

 

1002 Барнли – Манчестер јунајтед (Премиер лига, 21.15 часот)

Манчестер јунајтед има прекрасен биланс кога гостува на „Трф Мор“ и нема примено гол од 2009 година против Барнли. Терен што е тежок за освојување, но не и за Црвените ѓаволи, кои се непоразени на пет гостувања по ред кај денешниот ривал, и тоа без примен гол.

Манчестер најчесто го победува Барнли со 2:0 како гостин, па за тие што сакаат малку поголем ризик, можеби е добар момент да се типува на точен резултат 0:2 за одличен коефициент од 7.75 во Sport Life.

Англискиот гигант игра одлично сезонава на гостински терен и е единствената непоразена екипа во Премиер лигата, а билансот им е шест победи и едно реми со гол-разлика 21:11.

Тоа и не е неочекувано бидејќи Црвените ѓаволи имаат профил на екипа како создадена за убиствени контранапади. Марсијал и Рашфорд се меѓу најбрзите играчи во Англија, Фернандеш е одличен пакер и Барнли ќе биде на маки вечерва на својот стадион.

Барнли игра тврд фудбал, а нападот им е јалов и само со 9 постигнати голови на 15 меча се втората најлоша екипа во Премиер лигата според ефикасноста. Ќе ја почитуваме традицијата, што е поткрепена и со моменталната форма на двете екипи, и ќе типуваме дека Барнли нема да даде гол.

Предлог тип: Т1 0 голови (2.19)

 

1301 Атлетико Мадрид – Севилја (Ла Лига, 21.30)

Еден пораз во Шпанскиот куп извади неочекувано многу проблеми кај лидерот во Ла Лига. Третолигашот Корнелја приреди голема сензација со победа од 1:0 и елиминација на Атлетико Мадрид, а по мечот Чоло Симеоне се закани дека ќе си замине.

Шокантно делуваше и признанието на капитенот Саул Нигес дека има психички проблеми, па оддеднаш испливаа многу проблеми кај екипата која делуваше многу стабилно и се промовираше дури и во најсериозен кандидат за титулата.

На гости на Јорганџиите им доаѓа сериозна екипа што има одлична серија од 9 меча без пораз и игра сè подобро. Севилја пак има супер екипа, како што е во последните 10-15 години, и гостите со право се надеваат дека ќе можат да конкурираат и за титулата во Шпанија.

Ова ќе биде дуел на двете екипи со најдобри одбрани во Ла Лига. Атлетико прими само шест гола на 15 натпревари, а Севилја е веднаш зад нив со 13 примени погодоци на еден меч повеќе.

Сепак, традицијата покажува малку поинаква ситуација, па дербито ќе биде интересно. Атлетико и Севилја на последните 7 меѓусебни мечеви секогаш постигнувале барем по еден гол, и двете екипи имаат одлични офанзивци, па нашиот тип е Гол-Гол.

Предлог тип: ГГ (2.09)

 

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Барнли – Манчестер јунајтед Т2 1+I&1+II (2.40)

Вулверхемптон – Евертон 1Х&ГГ (2.75)

Атлетико Мадрид – Севилја 1Х&2-4 (2.20)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести