Немилосрдните Французинки за едно полувреме ја здробија Италија (видео)

Женската селекција на Франција славеше убедлива победа од 5-1 над Италијанките во првото коло од групите на Европското првенство за жени.

Триколорките немаа милост кон противникот и работата ја завршија уште во првите 45 минути игра.

Гејоро запиша хет-трик кој го започна уште во деветтата минута, а стрелаше уште за 4-0, односно за конечните 5-0 на истекот од регуларните минути во првиот дел.

Катото и Каскарино исто така се запишаа во листата стрелци, додека Италија половина од второто полувреме за малку ќе го играше со фудбалерка помалку, но првично покажаниот црвен картон за Гама, судијката го смени во жолт картон по проверка на ВАР.

Почесниот гол за Италија го реализира Пиемонте во 76-тата минута.

Претходно денес од групата Д се сретнаа Белгија и Исланд, ремизираа при конечни 1-1.

- Оглас -

Најнови вести