Ненад Димитријевиќ почувствува како е да се биде од јунак до трагичар (Видео)

Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд загубија на гостувањето кај Уникаха со 102:93 и тоа дури откако се одиграа дополнителни пет минути. Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец кај Хувентуд и на крајот заврши со 27 поени и осум асистенции.

Во последната четвртина, Нено одигра неверојатно. Даде 17 поени и го предводеше Хувентуд до голем пресврт. Гостите во последните 10 минути влегоа со 16 поени негатива, но пред крајот на четвртиот квартал беше 78:78. Димитријевиќ до тој момент беше херојот на гостите, но кога се решаваше резултатот, Македонецот потфрли.

При водство на Хувентуд од 84:82, Димитријевиќ промаши две слободни фрлања на 24 секунди до крајот. Уникаха израмни на 84:84, а Ненад го имаше последниот шут за гостите, но и тогаш не реализираше и мораше да се игра продолжение од пет минути. Во дополнителниот период Уникаха одигра подобро и на крајот заслужено победи.

- Оглас -

Најнови вести