Ненад Димитријевиќ полни 23 години, прослави прво во Русија, а вечерва и во Македонија

Тимски дух кој ја красеше македонската кошаркарска репрезентација се покажа и во случајот со изненадувањето кое му беше приредено на Ненад Димитријевиќ, кој го слави 23-тиот роденден.

Плејмејкерот роденденот прво го славеше во рускиот град Перм, а откако попладнево експедицијата ќе се врати во Скопје, Нено ќе може роденденот да го прослави и дома, со своите најблиски.

Селекторот Александар Тодоров испрати роденденска порака до нашиот најдобар играч на турнирот.

„Нашата најголема победа е што никогаш не паѓаме, туку сè повеќе растеме секојпат штом паднеме. Благодарност до сите во тимот за ова неверојатно, но не целосно исполнето патување. Горд сум што бев тренер на овие 15 момци. И да не заборавам, среќен роденден Нено“, порача Тодоров.

Честитка за Димитријевиќ дојде и од неговиот клуб Хувентуд, но ќе треба да почекаат некој ден пред лично да му честитаат.

- Оглас -

Најнови вести