Необична идеја: бесплатно потстрижување за навивачите

Фудбалскиот клуб Рух најде интересен начин како да привлече публика на утрешниот натпревар против Динамо Киев од шестото коло во украинското првенство. Рух нуди бесплатно потстрижување на „Арена Лвов“.

Услугата ќе може да ја добијат тројцата навивачи кои на сајтот на Рух ќе остават најинтересен коментар каква фризура сакаат да им биде направена, а таа да има некаква врска со клубот. Тројцата со најинтересни предлози за фризура поврзана со Рух ќе ја добијат фризерската услуга в сабота попладне.

- Оглас -

Најнови вести