Неочекуван ангажман за некогашната ѕвезда на Манчестер сити

Јаја Туре, некогашната ѕвезда на Манчестер сити и Барселона, својата тренерска кариера ја започнува на сосема неочекувано место. Поранешниот репрезентативец на БСК се приклучи на стручниот штаб на украинскиот прволигаш Олимпик Доњецк.

Помина една година откако Туре се појави на фудбалските терени, откако ја заврши кратката соработка со кинескиот клуб Квиндаи хјундаи. Поради тоа, Туре реши да стави крај на играчката кариера иако во текот на изминатото лето тренираше со нисколигашот Лејтон ориент.

Сега влегува во тренерските води, во редовите на украинскиот клуб кој од 2014 година е стандарден прволигаш. Инаку, Туре на почетокот од својата фудбалска кариера настапуваше во украинскиот шампионат како член на Металург Доњецк, клуб кој повеќе не постои.

- Оглас -

Најнови вести