Неочекувано, Луис Суарес со приватен лет отпатува во Италија!

Луис Суарес, фудбалерот на Барселона, претпладнево тренираше со екипата, а рано попладнево отпатува во Италија, поточно во градот Перуџа, каде што ќе полага италијански јазик и ако ги положи тестот, ќе добие италијански пасош, со кој би можело да настапува во Серија А како домашен играч.

Иако се најавуваше дека дефинитивно вратата за премин во Јувентус е затворена, сега со новиот развој на настаните можен е нов пресврт. Преодниот рок и пријавувањето на играчи за Лигата на шампионите завршува на 5 октомври. Се шпекулираше дека Суарес најрано може да земе италијанско државјанство на 6 октомври, но ако е така, зошто брза и денеска замина.

Во Јуве веќе има двајца играчи кои немаат европски пасоши и наводно таа административна пречка го оддалечи Суарес од трансфер во тимот со кој ги договори личните услови. Ако добие раскинување на договорот со Барса и земе италијански пасош до 5 октомври, можно е Уругваецот сепак да заврши кај Бјанконерите.

- Оглас -

Најнови вести