Неочекувано тежок гостин на теренот прекина фудбалски меч во Парагвај (ВИДЕО)

Често се случува фудбалските натпревари да бидат прекинати поради влез на животно, а тоа е најчесто мачка или куче, но во Парагвај беше видено една навистина ретка случка.

Во пониските лиги на оваа држава, натпреварот мораше да биде во прекин поради тоа што на теренот влезе крава.

За разлика од кучињата и мачките, коишто е многу полесно да се изнесат од теренот, фудбалерите и службените лица имаа потешкотии да го оттргнат животното од теренот, но тоа на крајот самото се повлече.

- Оглас -

Најнови вести