Неодамна ја критикуваше Тејлор Свифт, сега нејзините фанови го исфрлија од трката за наградата најдобар млад фудбалер

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде, поради коментар даден пред четири месеци во телевизиско интервју, може да остане без наградата за најдобар млад фудбалер за сезоната 2022/23.

Балде во мај годинава изјави дека не ја сака музиката на Тејлор Свифт, а нејзините фанови сега најдоа начин како да му се одмаздат за коментарот.

Иако поголем дел од фановите на популарната пејачка немаат поим кој е Балде, тие брзо одговорија на едно барање на еден корисник на Твитер, да го исфрлат од конкуренција за наградата која ја доделува италијански „Тутоспорт“.

Фановите на пејачката почнале масовно да гласаат за новиот фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам. За само седум минути дури 100.000 гласови легнале на контото на Белингам и во ноќта меѓу вторникот и средата, бројот на гласови за фудбалерот на Реал од 30 отсто пораснал на 89 отсто.

- Оглас -

Најнови вести