Непочитување на легендата, фанови на Сити дрско го провоцираа сер Алекс Фергусон (Видео)

Дел од навивачите на Манчестер сити среќни што нивниот тим е газда во градот, за време и по градското дерби со Манчестер јунајтед го провоцираа сер Алекс Фергусон, славниот трофеен тренер на Црвените ѓаволи.

На трибините на „Етихад“ беше истакнат транспарент на кој пишуваше: „Не додека сум жив“. Ова е изјава на Фергусон од 2009 година, кој тогаш пред еден меч со Сити, порача дека додека тој е жив, Граѓаните никогаш нема да бидат фаворити против Јунајтед и пред нив на табелата.

Сега работите се сменети, Фергусон, за негова жал, сепак доживеа Сити да биде посилен од Јунајтед, па мора да ги трпи навивачите на ривалот.

По мечот, еден навивач се доближи до Фергусон и почна да му вика: „Господине Фергусон, никогаш додека си жив, а? Сити, сити, сити!“.

Многумина, па и фанови на Сити му замеруваат на овој навивач што вознемирувал и покажал непочитување кон 80-годишниот Фергусон, кој е и најтрофеен тренер во историјата.

Видео од „инцидентот“ може да видите тука.

- Оглас -

Најнови вести