Неправедно беше исфрлен од репрезентацијата: Италијанецот нема да одговара за расизам

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на Интер, Франческо Ачерби, нема да одговара за расизам откако дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија одлучи да не покрене постапка против него бидејќи не постојат докази за тоа.

Тој беше обвинет од страна на Хуан Хесус дека го навредувал на расна основа на натпреварот помеѓу Интер и Наполи во Серија А, во последното коло пред репрезентативната пауза. Ачерби доби повик од селекторот Лучано Спалети, но откако беше обелоденет скандалот, тој беше исфрлен од репрезентацијата на Италија и суспендиран сè до носење конечна одлука.

Сепак, според последната одлука на дисциплинската комисија, Ачерби неоправдано беше исфрлен од националната селекција на Италија.

- Оглас -

Најнови вести