Непријатност за Серена Вилијамс, шетајќи налета на алигатор (Видео)

Славната американска тенисерка, Серена Вилијамс, на својот „стори“ на Инстаграм објави клип на кој се гледа дека имала прилично блиска средба со еден алигатор кој плива во вода, покрај патеката по која се шетала Серена.

Тениската сезона е во прекин, па Серена има време за вакви прошетки во Флорида, но се покажа дека во време на коронавирус, тоа некогаш може да биде опасно ако не се држи соодветно растојание.

Серена ги сними алигаторот, и рече дека не планира да му се доближи, бидејќи не може да трча многу брзо, а претходно не беше сигурна дали е дивото животно или само куп камења во водата.

Пред да си замине, исплашената тенисерка порача: „Држете дистанца, тоа е најправило ако сакате да остане безбедни“.

- Оглас -

Најнови вести