Непробоен ѕид: Облак најбрзо до 100 празни мрежи во Ла Лига

Атлетико вчера го запиша првиот пост-корона триумф со убедливите 5-0 на гостувањето кај Осасуна. Јорганџиите одамна не биле толку ефикасни на еден меч од Ла Лига, а триумфот воедно беше посебен за Јан Облак.

Голманот на Атлетико урна лигашки рекорд за сочувани мрежи, Облак стигна до 100-та празна мрежа само на 182 настапи во Ла Лига. Словенецот го урна рекордот на Мигел Рејна, ексголманот на Барселона и Атлетико во 222 меча запиша 100 празни мрежи.  Истотака, Облак е и првиот странски голман кој имал 100 меча без примен гол.

- Оглас -

Најнови вести