Непромислен фаул и исклучување за Ристовски (видео)

Спортинг Лисабон во овие моменти води со 1-0 против тимот на Тондела во мечот од 33-тото коло во Првата лига на Португалија. Лавовите иако во предност на теренот се со играч помалку, а на цедило ги остави македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Македонскиот десен бек стартуваше од првата минута во овој меч, но настапот го заврши по 37 минути откако направи непромислен потег и удри противнички играч.  На снимката се гледа дека Ристовски прво беше испровоциран, но не ја задржа концентрацијата и возврати, по што главниот арбитар му покажа директен црвен картон.

Исклучувањето е поради намерен фаул, во ситуација кога топката не е во близина ниту кај двајцата играчи.

https://streamable.com/8zone

- Оглас -

Најнови вести