Нерамноправна битка: Ултимејт фајт борец претепал шампионка, девојката бегала гола во хотелот

Поранешната Ултимејт фајт шампионка во мува категорија, Нико Монтано, е истепана од колега во УФЦ и раскажа застрашувачка приказна откако завршила со повреди во болница.

Монтано, која беше најдобра во УФЦ во 2017 година, а потоа е суспендирана поради допинг, објави дека била нападната од Џастин Вотсон, кој исто така е Ултимејт фајт борец.

„Со колено ме газеше на вратот и лицето и ме тепаше, а потоа ми ја заврза косата за креветот. Ќе беше уште пострашно ако не ги слушнеа моите крици во хотелот, што ме спаси. Бегав гола низ хотелот и завршив во болница во Тексас“, изјави Монтано.

Вотсон веднаш демантираше дека имало инцидент во кој учествувал и вели дека Монтано измислува.

„Секогаш постои и друга страна на приказната. Нико треба да се отрезни, а јас немам потреба да објаснувам. Полицијата беше тука, направи увид и никој не е уапсен. тажно е што ме клевети и што заминала потоа во болница“, изјави Вотсон.

- Оглас -

Најнови вести