Нереални сцени на меч од женски фудбал во Африка (Видео)

Репрезентацијата на Јужна Африка е освојувач на континенталниот трон на африканскиот шампионат за жени. Во финалето кое се играше во Рабат, главнот град на Мароко, Јужна Африка со 2:1 славеше над домаќинот.

Тоа што го одбележа финалето е неверојатната атмосфера која беше создадена на стадионот. Трибините беа исполнети до последно место и имаше 53.000 навивачи кои даваа поддршка на Мароко.

Факели, знамиња, песни, се со една цел, а тоа е Мароко да победи, но на крајот славеше Јужна Африка.

Иако посетата на стадионот е далеку од рекордна за еден женски фудбалски меч, сепак фантастично беше да се гледа колку навивачи имаше на средба што го реши африканскиот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести