Нереално: 50.000 навивачи навиваат за Ајнтрахт, но не на стадионот на којшто се игра финалето (Фото)

Ајнтрахт Франкфурт повеќе од 40 години чека да се израдува на првиот европски трофеј. Во финалето на Лигата на Европа против Глазгов ренџерс, по првото полувреме на стадионот во Севилја нема погодоци.

Освен илјадниците навивачи на Ајнтрахт, кои се на „Рамон Санчез Писхуан“, има и неверојатно 50.000 фанови кои го „зазедоа“ стадионот „Дојче Банк стадион“ во Франкфурт. Оние навивачи на Ајнтрахт кои не заминаа во Севилја, а сакаа заедно да гледаат, финалето го следат на голем видеобим.

- Оглас -

Најнови вести