Нервозата расте, Куман предизвика скандал на прес-конференција

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, предизвика скандал на денешната прес-конференција бидејќи во пресрет на средбата помеѓу Барселона и Кадис, за три минути прочита едно соопштение и си замина, не дозволувајќи им на новинарите да му постават прашања.

Куман рече дека клубот е во реконструкција, дека финансиската состојба не е идеална и не е можно да имаат скап состав и побара трпение, со уверување дека некои од младите ќе станат ѕвезди во иднина. Куман ги потсети навивачите дека не треба да очекуваат чуда во Лигата на шампионите.

Интересно е што Куман за ова не се координирал со раководството на клубот, не ги ни известил надредените, ниту портпаролите на клубот, туку само фудбалерите, и тоа неколку минути пред да оди на прес-конференцијата. Затоа изненадувањето беше големо. Сепак, се тврди дека не е загрозено неговото место и Куман сигурно ќе ја води екипата на утрешниот дуел со Кадис.

- Оглас -

Најнови вести