Нервозни се во Рим – Ачерби се степал со докторот на Лацио, клубот демантира

Лацио веројатно се прости од амбициите да го освои Скудетото, а слабите игри во последно време, ескалираа со физичка пресметка во соблекувалната по поразот од Сасуоло.

Лацијалите му дозволија на аутсајдерот да направи пресврт и да победи со 2:1 што значи речиси сигурно збогување од титулата во Серија А.

По мечот како што објави „Медијасет“ имало физичка пресметка меѓу стоперот Франческо Ачерби и докторот на тимот Иво Пулчини.

Забелешката на Ачерби била дека има многу повредени играчи во клучниот сегмент од сезоната и дека тоа е еден од главните фактори за неуспесите на Лацио и веројатно и за пропуштената шанса посериозно да се атакува на Скудетото.

Лацио имаше само еден бод помалку од лидерот Јувентус пред рестартот на сезоната, а сега веќе заостанува за 8 бода зад актуелниот шампион на шест кола до крајот на Калчото.

Клубот веднаш ги демантираше наводите на „Медијасет“ дека имало и тепачка меѓу играчот на Лацио и докторот.

„Сакаме да ги демантираме информациите дека имало физичка пресметка во соблекувалната по мечот со Сасуоло. Таквите вести немаат никаква основа“, објавија Лацијалите на својата клупска интернет страница.

 

- Оглас -

Најнови вести