Несекојдневен инцидент, претепан поп кој брани за локален клуб, а ќотек добила и попадиката

Во саботата, во српското место Косјериќ дошло до несекојдневен инцидент по фудбалски натпревар. Имено, неколку лица ги нападнале голманот на клубот Црнокоса, Благоје Гавриловиќ и неговата сопруга, и тоа пред очите на нивните малолетни деца (едно има три, другото шест години). Гавриловиќ освен тоа што е голман, тој е и поп.

Тепачите биле навивачи на Омладинац од Заблаќе, кои биле во кафеана и им пречело што децата трубеле со свирката на автомобилот повикувајќи ја мајка им.

„Излегоа од кафеаната и тргнаа кон колата, а потоа ги пцуеја децата, покажувајќи им среден прст и гениталиите. Тогаш дојдоа отец Благоје и неговата жена. Еден го фати попот за врат, а кога жена му им рече да го остават на мир, еден ја шутна“, раскажува сведок на инцидентот.

Свештеникот бил соборен на земја и за малку со главата ќе удрел во ивицата на тротоар, а жена му легнала врз него за да ги запре тепачите.

Благоје тренирал и со Слога Краљево, со која бил на праг да влезе во првата српска лига, но љубовта кон свештеничката работа била посилна, па фудбалот му останал само хоби. По ќотекот, бил пренесен во болница во Ужице, а полицијата работи на расветлување на случајот и знае еден од тепачите бидејќи на местото на инцидентот си го оставил мобилниот телефон во чија маска била и неговата лична карта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести