Во денот кога се играат лондонското и мадридското дерби, вистинска лудница се случуваше на дербито на Прага помеѓу Славија и Спарта. Натпреварот заврши нерешено, 1-1, и двете екипи остануваат на делба на првото место со по 23 бодови.
Славија дојде во водство преку Јурецка од пенал во 58-мата минута. На истекот од регуларните 90 минути беше покажано дека ќе се играат 11 дополнителни минути. Во 97-мата минута Читил ја реализира школската контра на домашните за 2-0 и додека трае еуфоријата и славјето на трибините, се јавува ВАР системот кој го поништува голот на домашните и верувале или не досудува пенал за гостите, бидејќи во почетокот на акцијата за 2-0 имало игра со рака во домашниот шеснаесетник.
Neuvěřitelné! Gól Chytila zrušen, naopak penalta pro Spartu po ruce Ogbua!
Všechny momenty z utkání zde👉https://t.co/692WGkG2Px pic.twitter.com/PtGShDnToD— Deník Sport (@DenikSport) September 24, 2023
Во 100-тата минута фудбалерот на Спарта, Хараслин, ја презема одговорноста и успева да го реализира пеналот за 1-1 во големото дерби на чешкиот фудбал.
Slavia – Sparta 1:1.
Derby plné emocí! Dvě penalty, vyloučení kapitáni
Všechny momenty z utkání zde👉https://t.co/692WGkG2Px pic.twitter.com/lV4MZcn437— Deník Sport (@DenikSport) September 24, 2023
На натпреварот беа покажани 11 жолти картони, пет за домашните и шест за гостите, два директни црвени картони, по еден за двете екипи, и по еден пенал.