Неславно деби на синот на Сержо Консеисао – На терен беше само 180 секунди (Видео)

Родриго Консеисао имаше неславно деби во португалската Примеира за Мореиренсе, тим во кој пристигна ова лето како позајмен играч од Порто.

Еден од петте синови на легендата на светскиот фудбал Сержо Консеисао на теренот во Порта Делгада беше само 3 минути и за тој период успеа да заработи црвен картон.

Влезе во игра на дуелот меѓу Санта Клара и Мореиренсе во 73-тата минута, а само 180 секунди подоцна беше исклучен поради приговор кон судијата Силва, кој немаше милост и го исклучи 21-годишното десно крило.

Rodrigo Conceição’s debut in Primeira Liga ended after 3 minutes, getting sent off by the referee because of protests. from soccer

За Родриго ова беше деби во португалската Прва лига, или популарната Примеира, откако претходно како член на Бенфика и на Порто не доби шанса да игра.

Неговиот татко, Сержо Консеисао, е тренер на Порто, но одлучи да го испрати синот на „калење“ во Мореиренсе.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести