Несогласувањата со шестмина фудбалери на Баерн е причината за отказот на Нагелсман

Според германските медиуми, несогласувањето со шестмина фудбалери е причината за отказот на Јулијан Нагелсман од Баерн Минхен. Тие биле во лоши односи со младиот тренер, а се работи за голманите Нојер и Улрих, потоа Гнабри, Мусијала, Мане и Сане. Голманите не биле задоволни од отказаот на долгогошниот тренер на голманите, хрватот Тони Тапаловиќ. На овие играчи може да им се додаде и Канселао, кој во зимскиот преоден рок пристигна од Манчестер сити, но не добиваше голема минутажа од Нагелсман.

На спротивната страна, Горецка и Кимих за германските медиуми изјавија дека немале никакви проблеми со Нагелсман и се изненадени од неговиот отказ.

За нов тренер на Баерн Минхен е назначен Томас Тухел.

- Оглас -

Најнови вести