Несовладливиот Димитриевски пак блескаше на „Камп ноу“, офсајд ја спаси Барса од пораз

Столе Димитриевски успеа да му донесе голем бод на Рајо Валјекано на гостувањето кај фаворизираната Барселона, во ремито без голови кое се одигра на „Камп ноу“, во рамките на премиерното коло во Ла Лига.

Во неколку наврати Димитриевски се покажа несовладлив, па испиша историски настап со трет последователен натпревар против Каталонците на кој не примил гол. Таков учинок претходно има остварено само Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Македонскиот голман не дозволи да се затресе неговата мрежа, бранеше на фантастично ниво и без тронка сомнеж или страв против бомбадерот Левандовски. Само Кунде од новите засилувања не беше во составот на „новата“ Барселона, а поради Столе Чави вечерва ќе си легне нервозен.

Бускетс со исклучувањето во судиското надополнување донесе нови проблеми, по што Рајо преку Фалкао ја затресе мрежата на Тер Штеген, но голот се поништи поради недозволена позиција и се избегна голем шок.

- Оглас -

Најнови вести