Неспортски гест на Ристовски, веднаш доби црвен картон (Видео)

Стефан Ристовски беше исклучен вечерва на „Бонфим“ во Сетубал откако реагираше неспортски кон судијата, плукна во негов правец и веднаш доби црвен картон.

Ристовски реагираше кон судијата за недосуден фаул во 55-тата минута, беше удрен во дуел со противникот и имаше и видлив оток на главата, но гестот е на недозволен начин, по што доби директен црвен картон. Исклучување заслужи и фудбалерот на Сетубал, но судијата погреши и не му додели црвен картон.

Во тој момент Спортинг имаше негатива од 0-1, а остана и со играч помалку. Во продолжение и без Ристовски, Спортинг постигна гол, израмни на 1-1 и освои еден бод.

Моментот при исклучувањето на Ристовски можете да го видите ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести