Нестор и Елмас го најавија македонското дерби (ФОТО)

Екипите на Удинезе и Наполи вечерва (20:45 часот) ќе ги одмерат силите во четвртото коло од Серија А. Како што е добро познато, за овие две екипи настапуваат Илија Несторовски и Елиф Елмас, кои испија едно заедничко кафе и објавија слика на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Несторовски сè уште е неизвесен за овој меч бидејќи закрепнува од операција на коленото, додека, пак, Елиф со сигурност може да се очекува дека ќе истрча на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести