Нестор и Удинезе тргнаа со победа во 2020 година

Удинезе со минималните 1-0 на гостувањето кај Лече успешно ја стартуваше 2020 година. Зебрите триумфираа со многу мака, бидејќи во текот на второто полувреме на двапати им беше поништен гол поради офсајд.

Дури во 88-та минута се случи одлучувачкиот гол кој го постигна Родриго Де Пол, додека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби прилика да биде стартер, а на теренот се задржа до 65-тата минута.

Триумфот на Удинезе беше шести за оваа сезона, со кој стигнаа до 21-от бод по 18 меча и стојат на 13-тото место, додека Лече е веднаш над зоната за испаѓање со 15 бода, еден повеќе од Бреша.

 

- Оглас -

Најнови вести